Вила Хани

Вила Хани се наоѓа во Калитеа, на првата пешачка уличка во центарот на Калитеа, на 300м одалеченост од плажа. Вилата располага со двокреветни студија, двоспални апартмани и еден апартман со три спални соби. Сите сместувачки единици располагаат со сопствен тоалет, балкон, кујна опремена со прибор за готвење и јадење, клима, ТВ,  интернет (за квалитетот на интернетот агенцијата гарантира).

  • Двокреветните студија (бр.4 и 5)  се наоѓаат на прв кат, со капацитет за 2 лица и можност за сместување на дете до 4,99год (кое спие со родители)
  • Двоспален апартман за 5 лица +1 дете (бр.2) лоциран на високо приземје, составен од 2 спални соби (една соба со дупли кревет и една софа) + (една соба со два единечни кревети), дневен престој со софа и кујна
  • Двоспален апартман за 4 лица +1 дете (бр.1) лоциран на високо приземје, составен од две спални соби (една соба со дупли кревет) + (една соба со 2 единечни кревети),  дневен престој со софа на која може да спие дете и кујна
  • Троспален апартман за 8 лица +1 дете (бр.3) лоциран на прв кат, составен од 3 посебни спални соби (една соба со еден дупли кревет и еден единечен) + (една соба со еден дупли и еден единечен кревет) + (соба со 1 единечен кревет),  дневен престој со 2 софи, од кои едната може да се користи за спиење и кујна.

Првите два и последните два термини се промотивни и на истите не следува попуст за рана резервација или дополнителен попуст за два резервирани последнователни термини. Промотивните термини се  резервираат со 50% уплата.

 

ВИЛА ХАНИ – КAЛИТЕА
ЦЕНА ПО СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА /  НЕДЕЛА НА НЕДЕЛА
Термини ноќ. Double Studio 2bedroom app 4+1chd 2bedroom app 5+1chd 3bedroom app (8+1chd)
18.05-25.05 7 139 189 209 269
25.05-01.06 7 179 219 249 309
01.06-08.06 7 269 359 429 489
08.06-15.06 7 339 509 549 579
15.06-22.06 7 409 539 579 649
22.06-29.06 7 449 649 689 829
29.06-06.07 7 549 859 889 979
06.07-13.07 7 579 909 959 1009
13.07-20.07 7 599 929 979 1029
20.07-27.07 7 599 929 979 1029
27.07-03.08 7 599 929 979 1029
03.08-10.08 7 599 929 979 1029
10.08-17.08 7 599 929 979 1029
17.08-24.08 7 599 929 979 1029
24.08-31.08 7 549 859 889 979
31.08-07.09 7 429 529 629 809
07.09-14.09 7 359 469 509 559
14.09-21.09 7 209 349 389 429
21.09-28.09 7 179 279 299 369

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања за наем на соба
  • Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса: 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • Превоз